Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Центарот за управување со кризи и ДППД Свети Николе
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Центарот за управување со кризи и ДППД Свети Николе
Денес беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, со цел воспоставување на стратешка и практична соработка. , стои во објавата на Фјесбук страницата на ЦУК
Директорот на ЦУК, г. Мухамед Али, и старешината на ДППД Свети Николе, г. Кире Михајлов, го официјализираа заедничкиот ангажман за имплементација на проектот:
„Градење на безбедна иднина преку целосно истражување и анализа на противпожарниот сектор во Република Северна Македонија“
Преку оваа соработка се очекува зајакнување на капацитетите, размена на знаења и искуства, како и заедничко делување во справување со ризици и заштита на населението.
Проектот претставува сеопфатна иницијатива со цел да се создаде реална и објективна слика за постојните материјално-технички и човечки капацитети. Дополнително, има за цел да се зајакне соработката и координацијата помеѓу сите релевантни институции, како предуслов за ефикасно справување со кризни ситуации и унапредување на системот за заштита и спасување.
Центарот за управување со кризи ќе продолжи да ги поддржува доброволните противпожарни друштва, препознавајќи ја нивната посветеност како клучен елемент во системот за цивилна заштита. , пишува во Фејсбук објавата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: 17 пожари на отворен простор, од…
Во текот на денешниот ден до 18…
ЦУК: Интелигентните камери навреме алармирале за пожарот…
Интелигентните камери на Центарот за управување со…
ЦУК: До 7:30 часот регистрирани 23 пожари,…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè…
Вкупно 20 пожари на отворен простор се…
ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор,…
Вкупно 22 пожари на отворен простор се…