Потресни пораки пред училиштето на убиените деца во Врачар
Редици граѓани и денеска се пред училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, каде минатата недела се случи масакр кога Коста К.(14) уби девет лица, а рани шестмина.
По палењето на свеќите, граѓаните поминуваа покрај оградата на училиштето и читаат потресни пораки, објавија српските медиуми.
Пред училиштето „Владислав Рибникар“ има пораки до убиените деца, како и до убиениот портир на тоа училиште Драган Влаховиќ.
„Смртта не постои, луѓето умираат кога луѓето ги забораваат“.Вие само отидовте во друг дом, да ви се опорават душата и мислите. Вие станавте ангели чувари на нашата среќа и тага, секогаш ќе го чуваме сеќавањето за вас,“, пишува пред училиштето.
Граѓаните се уште се потресени од се што се случи.
„Поминав низ сите фази – шок, неверување, тага, лутина и страв. Сега сум само исплашен. Не ми е јасно каде живееме и што се случува“, вели А. Ѓ., белграѓанка за српските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…
Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…
Во првата половина од 2026 година, најскапо…
Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…
Турски државјанин на возраст од 25 години…
“Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да…
На денешен ден, 16 јуни 1943 година…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…