Починало едноиполмесечно бебе на Детската клиника

t

Почина едноиполмесечно бебе на Клиниката за детски болести во Скопје. Според информациите, бебето било донесено без знаци на живот во раните утрински часови на 29 јули, а дежурен лекар ја констатирал смртта. Настанот бил пријавен во полиција, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

-На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот било донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на бебето било предадено на обдукција, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…

Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…

Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…

Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…

Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…

Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…