ПОЧИНА КРИС КРИСТОФЕРСОН – Беше легенда на кантри музиката
Крис Кристоферсон, влијателен американски пејач и текстописец, но и успешен глумец, почина во саботата на 88-годишна возраст. Неговото семејство соопшти дека Кристоферсон починал мирно во својот дом на островот Мауи, Хаваи, САД, опкружен со семејството. Причината за смртта не е наведена.
Кристоферсон е роден во Браунсвил, Тексас на 22 јуни 1936 година. По дипломирањето на колеџ во Калифорнија, каде што играл и рагби, продолжил на Универзитетот во Оксфорд, а потоа ја следел семејната традиција, па отслужил и војска.
Кристоферсон беше ренесансен човек – спортист со поетски сензибилитет, поранешен воен офицер и пилот на хеликоптер.
Тој се пробил во светот на музиката како текстописец во главниот град на кантри-музиката – Нешвил. Неговите текстови за хитовите „Help Me Make It Through the Night“, „For the Good Times“ и „Me and Booby McGee“ – една од последните песни отпеана од Џенис Џоплин, беа наградени со „Греми“.
Зад себе има и околу 120 улоги во филмски и ТВ-продукции.
Кристоферсон и неговата трета сопруга Лиза, со која се оженил во 1983 година, живееја на хавајскиот остров Мауи повеќе од 30 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКО-АКТИВИСТИ ИЛИ АНАРХИСТИ?! Борците против рудници во…
Не запираат двосмислените пораки кои ги испраќаат…
Во Скопје изречени казни од над 80.000…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска…
Русија со рекордни 2,75 милијарди долари од…
Вредноста на рускиот поморски извоз на сурова…
Eве што се ќе дадат Бугарите за…
Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија…
(Фото) Израел го третира како терористички напад?!…
Драматични тврдења за насилството во авионот на…