Почина Крсте Чакар, човекот кој целиот живот му го посвети на струшкиот ракомет
На 86-годишна возраст почина Крсте Чакар, еден од основачите на струшкиот турнир и поранешен ракометар на Струга и на Работнички и човекот кој целиот свој живот го посвети на струшкиот ракомет.
Крсте Чакар беше познато ракометно име во целата Македонија. Роден во Белград на 17 февруари 1937 година, родител на три сина, човек кој цел живот го посвети на спортската игра наречена ракомет. Од млади години леворакиот топџија ги кинеше мрежите на сите противнички екипи.
Беше еден од главните иницијатори и воедно и претседател на меѓународниот боречки турнир Струшки Бисер кој долги години се организираше во градот на поезијата Струга. Одликуван со многу златни медали и плакети за неговиот придонес во спортот. Автор на книгата посветена на фудбалскиот клуб Караорман формиран во 1923 година и како подарок кон фудбалскиот клуб и неговиот татко Борис долгогодишен успешен тренер им ја подари книгата за 75 годишнината од постоењето на ФК Караорман-Струга.
Тренер, професор, педагог, почитуван од сите што го познаваа и го опкружуваа со нивната присутност. Успешен тренер во повеќе екипи низ нашата држава Македонија. Академски граѓанин со завршен Филозофски факултет отсек книжевност, каде со своето образование работеше како професор по македонски јазик и литература во Ц.С.О. „Нико Нестор“ во Струга.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ВМРО слави 4:1 водство пред СДСМ…
Кндидатот на ВМРО-ДПМНЕ од досега пребројаните гласови…
Макрон ја поврза војната во Иран со…
Францускиот претседател Емануел Макрон ја поврза војната…
Иран тврди дека два танкера налетале на…
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека два нафтени…
ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА: Убедливо…
Првичните резултати на Државната изборна комисија од…
Нови протести во Париз пред обраќањето на…
По мирното утро, улиците на Париз повторно…