Почина легендарниот Сер Боби Чарлтон!

t

Легендата на Манчестер јунајтед и англискиот фудбал, Сер Боби Чарлтон денеска почина на 86-годишна возраст.

За тажната вест, англиската и светската јавност беше информирана од соопштението на неговото семејство.

„Со огромна тага ја споделуваме веста дека Сер Боби почина мирно во раните утрински часови од саботното утро. Тој беше опкружен со неговото семејство“, стои во соопштението.

Боби Чарлтон важеше за еден од најголемите фудбалери на Манчестер јунајтед, 758 пати го носеше дресот на црвените ѓаволи, постигна 249 голови за нив.

Го освои Европскиот куп на Шампионите со Јунајтед во 1968 година. Тој го крена и трофејот и на Светското првенство со Англија во 1966 година.

За Англија имаше 106 настапи и 49 погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Берзите се тресат- нафтата над 95 долари,…

Светските финансиски пазари повторно се најдоа под…

Кривично ќе се гони скопјанецот кој му…

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична…

Најмалку две лица повредени во експлозија на…

Полициска операција е во тек на главната…

Не сакав никого да навредам, туку да…

„Сосема сум свесна дека тоа е лична…

Трамп: Ако војната влезе во трета рунда,…

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани…