Почина Лефтер Бошковски, еден од основоположниците на македонскиот модерен ракомет
Почина Лефтер Бошковски, еден од основоположниците на македонскиот модерен ракомет и поранешен тренер на РК Вардар.
Денеска во Скопје, во 81. година од животот, почина еден од основоположниците на модерниот македонски ракомет Лефтер Бошковски. Истакнат спортски работник, професор, тренер, селектор на македонската репрезентација. Беше тренер и на Вардар во првата деценија од постоењето на клубот.
Во својата богата тренерска кариера бил тренер на повеќе клубови во машка и женска конкуренција, и селектор на женската репрезентација на Македонија. Ќе остане запишан и како освојувач на првиот трофеј на премиерното издание на струшкиот турнир, како тренер на Вардар.
Почивај во мир..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ристовски: Кога македонски спортист постигнува успех,…
Големите спортски достигнувања не се само лични…
Матеј Белистојаноски со прво злато за Македонија…
Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски оствари огромен успех…
Чупиќ: Некои не се свесни што значи…
Вардар го очекува првиот домашен натпревар во…
Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар
Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во…
Силјановска-Давкова во Таранто со поддршка за најбројната…
Македонија настапува со 88 спортисти во 19…