Објавено на:

Почина најстарата сестра на Доналд Трамп

t

Најстарата сестра на Доналд Трамп, Мериан Трамп Бери, почина на 86-годишна возраст.

Поранешната федерална судијка почина во нејзиниот дом Апер Ист Сајд, Менхетен, во понеделникот, објави Њујорк Тајмс.

Трамп Бери (86) беше пронајдена во нејзиниот стан на Петтата авенија околу 4 часот наутро.

Таа била откриена во нејзината спална соба и на местото на настанот била прогласена за мртва.

Лекарот ќе ја утврди причината за нејзината смрт. Според првичните информации немало знаци на траума.

Таа е пензионирана судијка која беше назначена во федералниот огранок во Њу Џерси од претседателот Роналд Реган и во третиот круг од претседателот Бил Клинтон.

Портпаролот на поранешниот претседател Трамп одби да коментира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…