Објавено на:

Почина ѕвездата на „Добрите момци”

t

Американскиот актер, Пол Сорвино, можеби најпознат по улогите во филмот „Добри момци“ и телевизиската серија „Закон и ред“, почина на 84-годишна возраст.

Публицистот на глумецот, Роџер Нил, потврди дека Сорвино починал од природна смрт, во американската сојузна држава Индијана. Смртта на актерот ја потврди неговата сопруга Ди Ди.

Нашите срца се скршени, никогаш нема да има друг Пол Сорвино. Тој беше љубовта на мојот живот и еден од најголемите изведувачи што некогаш ги красел екранот и сцената – изјави таа за „Холивуд рипортер“.

Роден во Бруклин во италијанско-американско семејство, Сорвино почнал да глуми додека студирал на Американската академија за музика и драма во Њујорк. Првично се надевал дека ќе стане оперски пејач. По своето деби на Бродвеј во мјузиклот „Бажур“ во 1964 година, следеше и неговиот прв филм „Каде е Папа?“ (Where’s Poppa?).

Сепак, неговата најпозната улога е е онаа од 1990 година, во гангстерскиот филм на Мартин Скорсезе „Добрите момци“. Таму го глуми Пол Цицеро, лик заснован на мафијашот од вистинскиот живот, Пол Варио.

Пол Сорвино имаше три деца, меѓу кои и оскаровкката Мира Сорвино, која на својот татко му го посвети својот „Оскар“ за „Моќната Афродита“ од 1995 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАЛОЛЕТНИК ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАД ВРЗ СОПСТВЕНАТА БАБА:…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе…

Лавров пред ОН: Русија нема да направи…

Русија нема да прави „пауза“ во војната…

Американски извор: Вашингтон одбил да ја укине…

САД го одбиле иранското барање за укинување…

Манчевски: Стравот од дата центрите е застарен,…

Дата центрите не се мистериозни постројки што…

Вработени кои се на боледување се сликаат…

Министерот за здравство Сашо Клековски по реакциите…