Објавено на:

Почна ли битката за Црното Море? Русија се пофали со најнова подморница и супер модерно нуклеарно оружје

t

„Посејдон“ е дрон што делува под вода, има нуклеарен погон и е беспилотно подводно воено средство со голем домет на делување. Русија се испофали со пуштањето во погон на новата, најголема досега, нуклеарна подморница „Белгород“ – која ќе биде кошница на овие подводни дроновиДали тоа е увертира за битката за превласт врз контролата на трговските поморски рути од Црно море до Средоземно море?

Руските врховни политички и воени власт деновиве со голема помпа во јавноста ја промовираа новата и единствена од свој вид нуклеарна подморница Белгород . Ова е прва подморница од воениот „проект 09852“ и е најголема руска подморница изградена во последните 40 години. Разбирливо, е на нуклеарен погон како и сите други современи подморници во руската флота. Но единствена на светот ја прави тоа што оваа подморница ќе биде носач на подводни нуклеарни дронови. Тоа се беспилотни подводни пловила со широк радиус на делување кои може да се користат за повеќе намени меѓу кои најзначајни се: извидување, напад и неутрализација на мети, снимање на позиции и зголемена ефикасност при постапки за деминирање подводни локации и други намени за кои засега не можат да се добијат официјални информации, а тоа е разбирливо затоа што станува збор за најсовремени воени ресурси.

Сега веќе станува многу јасно зошто руската армија одеднаш го напушти Змискиот остров во Црното море. Голата голема карпа која досега имаше исклучително важна стратешка воена позиција сега веќе ќе остане сува земја опколена од море на која животите ги оставија неколку стотини војници од двете страни на украинско-рускиот конфликт.

Се повеќе аргументи водат на заклучок дека Црното море добива најголемо стратешко значење дури и на нивото што досега во воената стратегија го има Средоземното море. Зошто е тоа така? Пред се заради трговија со стоки по морски пат со особен акцент на житото, нафтата, железото, челикот … Затоа што светот (барем Европа и Блискиот Исток) го подели овој воен конфикт во кој Русија повеќе од 5 месеци врши агресија врз Украина. НАТО пактот целосно застана зад Украина, а тоа всушност го подели светот на нови два блока. Едниот го предводи САД, а другиот веќе отворено Русија со економска поддршка на Кина што наскоро може да резултира и со нов воен сојуз.

Црното Море е стратешки најважниот воден и подводен стратешки коридор за економска размена на стоки од Русија и Украина кон земјите од јужна Европа, Блискиот Исток и што е најважно северна и централна Африка – континентот со најголем човечки капацитет и со тоа најголем економски потенцијал особено од аспект на раст на потрошувачката на добра.

Речиси и да нема воен аналитичар кој не се согласува дека руската флота подморници има светска супремација и дека затоа Запад нема соодветно решение. Исто како што САД ја има убедливо најнеприкосновената флота на носачи на воени авиони за напад на земја и во воздух и со тоа ја обезбедува својата поморска и воздушна супремација низ светските води.

Посејдон треба да биде оружјето од Русија очекува да и обезбеди макар и на среден рок нејзина доминација под површината на Црното море, а и на други стратешки важни поморски коридори во Средоземото море – кое е најважниот трговски воден пат на светот затоа што го врзува Суецкиот канал на една страна и Гибралтар на запад.

Засега го нема, но наскоро може да се очекува одговорот на западните сили на најновата руска воена промоција.

Зошто е тоа сега многу важно?

Да го погледнеме значењето на контролата на морските трговски патишта низ актуелната состојба со Египет. Русија и Украина се во клинч со украинското жито кое се чува во хангари во приморските градови кои се во Украина, но се под руска контрола. За сметка на губењето на житото украинската војска минира пристаништа низ кои треба да поминат трговски бродови кои носат жито. Украина веќе ја обвини Русија за крадење жито. Турција запре руски брод во Црно Море кој пренесувал жито за кое Украина обвини дека е украдено.

Војната во Украина го зголемува гладот во Египет и неколку пати неговото раководство апелира моли за помош во жито. Египет е речиси 100% зависен од украинското жито. Слична е положбата на уште десетина африкански држави. Затоа што украинското жито е најевтино, го има многу, а е квалитетно. Претпоставувате, се транспортира низ Црното море. Од друга страна Египет има природен гас кој во Европа станува се понеопходен и тешко достапен ресурс затоа што Русија ги намалува количините гас кои стигнуваат во складиштата во ЕУ. Сега има се посилни притисоци врз Египет неговиот гас да го пренасочи целосно за потребите на пазарите во западно европските земји. И сега Египет кому ќе му го даде својот природен гас? Па логично на оној што ќе му обезбеди жито за да го прехрани своето многубројно население. Е токму заради ова е исклучително важно кој ги обезбедува и гарантира безбедност на поморските патишта. И тоа особено сега во воено време…

Малку повеќе за соодносот на силите …

Руската федерација и САД се воени супер сили од сите аспекти. Во сегментот на подводно воено делување аналитичарите даваат предност на Русија иако станува збор на проценки во мирнодопски услови на анализирање. Според достапни податоци од неименувани извори Руската федерација поседува 70 подморници, а САД 68. Во последните седум години Русија произвела 11 подморници, а бројот на подморници со кои располага САД се намалил за 3. Се разбира дека сите овие пловила се на нуклеарен погон. Во светски рамки значајна подморничка нукеарна воена сила е и Франција.

За идниот развој на настаните во Средозменото море и за соодносот на силите многу значаен ќе биде одговорот што ќе дојде од западната воена алијанса на објавата на Русија за подводниот дрон Посејдон и за новата нуклеарна подморница единствена од тој вид.

Дали знаевте дека…?

СФР Југославија, т.е. нашата поранешна заедничка држава, била производител на подморници. Тие се произведувале во фабриката „Арсенал“ во Тиват во Црна Гора. Сега на таа локација се наоѓа монденско екстра луксузно летувалиште „Порто Монтенегро“ кое воедно и е пристаниште за луксузни јахти. Во близина се изложени за посета на туристи две подморници од типовите П-821 т.н. „Херој“ и П-912 т.н. „Уна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Поради вежбите на НАТО во Финска,…

Маневрите на НАТО во близина на границите…

Поради корупција уапсен е рускиот заменик министер…

Русија уапси министер поради примање мито.  Рускиот…

Лавров се заканува? Западот е на работ…

Западот е на работ на директен воен…

Русија и Кина потпишаа Меморандум за соработка…

Врховниот командант на руската морнарица, адмирал Александар…

Пентагон: Украина ќе ја добие помошта за…

Откако американскиот Конгрес го одобри пакетот воена…