Почнува постапка во суд за малолетничките што малтретираа девојче во Ѓорче – обвинителот побара мерки за претпазливост

t

Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје за 4 деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека презеле дејствија кои во Кривичниот законик се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1.

Малолетничките, од кои една на возраст од 17 и три на возраст од 14 години, во два одвоени настани, учествувале во дејствија на насилство кон друго 13-годишно девојче и за нив постапката се води согласно Законот за правда за децата.

Имајќи ги предвид сите околности, тежината и начинот на сторување на делото, јавниот обвинител до судијата за деца достави и предлог за определување мерки на претпазливост за малолетничките.

Во меѓувреме, во врска со истите настани, до Основното јавно обвинителство Скопје вчера се доставени шест кривични пријави по член 201 од Кривичниот законик – Запуштање и малтретирање дете, против лица кои како родители ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување, а како резултат на тоа малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело Насилство, односно физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров. Пријавите се распоредени и по нив се постапува за обезбедување докази за проверка на наводите во редовна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 8 март дури осум пријави за…

На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…

Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…

Лишен од слобода насилник од охридско, во…

Судска постапка за пет деца за ужасното…

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…

Го натепале затоа што им рекол дека…

МВР го потврди настанот со претепаното лице…

Агресивен зет со тврд и остар предмет…

Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле…