Почнува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

t

Денес во Основен кривичен суд е закажано рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Судскиот совет на почетокот на месецов донесе одлука за да се спојат постапките на обвинетите, откако ОЈО најпрво поднесе обвинение за четири лица, а потоа и за Љупчо Палевски – првоосомничен во случајот.

За Палевски се чекаше екстрадиција од Турција. Тој се товари за грабнување и за убиство на 14-годишната Вања и за 74-годишниот Панче.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ива Михаилова се појави и на БНТ…

По гостувањето во поткаст, во кое наведе…

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…

Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ,…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

„Нвидиа“ загуби 300 милијарди долари на отворањето…

Акциите на производителот на чипови паднаа за…

Најава за средба меѓу Венс и Резаи…

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и секретарот…