По вчерашниот дожд Ангелов зеде здив, тркна на плажа
Откако вчера информираше дека сите пожари на територијата на Македонија се изгаснати, како и дека дождот го намали ризикот од избувнување на нови поголеми жаришта, директорот на Центарот за управување со кризи на својот ФБ профил објави дека е на заслужен одмор, но вели дека доколку службата повторно го бара веднаш се враќа назад.
Стојанче Ангелов информира дека стабилизацијата со пожарите во земјава ја искористи накратко со семејството да тркне на плажа во Грција.
„ПОД ОЛИМП. Благодарение на синоќешниот дожд, со семејството тркнав до море, на ден или два, малку јужно од горе, назад сум за миг, ако почне да гори“, напиша Ангелов на својот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…
Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…
Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…
Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…
Владата не може да ги обезбеди законски…
КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…
Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…
Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот…
Во гостувањето во Тема на денот во…