Објавено на:

По две години забрана, Трамп се враќа на Фејсбук и Инстаграм

t

Компанијата на Марк Закерберг, „Мета“, во чија сопственост се социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук, по две години забрана, му дозволи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ги користи двете платформи.

Трамп беше набркан од Фејсбук и Инстаграм по нередите во Капитол Хил во 2021 година, кога негови поддржувачи упаднаа во зградата на американскиот Конгрес, а компанијата наведе дека ги користел мрежите за да поттикнува на насилство и уривање на американскиот уставен поредок. Портпаролот на Мета, Енди Стоун, денеска потврди дека на Трамп повторно му е дозволен пристапот до неговите страници на двете мрежи.

Мета во јануари соопшти дека ќе ја укине суспензијата на Трамп „во следните недели“ и дека ќе воведе нова, построга забрана, доколку Трамп повторно ги прекрши политиките за користење на Фејсбук или Инстаграм.

Враќањето на пристапот на Трамп до социјалните мрежи доаѓа пред неговата можна претседателска кампања за изборите во 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…