По договорот на СОНК со Владата, СДСМ се пофали: Продолжуваме со политиките на зголемување на платите во образованието

t

„Се потврди дека само преку дијалог може да се дојде до решение“, реагира СДСМ откако Владата и СОНК соопштија дека постигнале компромис за покачувањето на платите во образованието и во градинките за 12 отсто, со што завршува двонеделниот штрајк на вработените во овој сектор.

„Денеска е постигнато усогласување помеѓу Владата и СОНК за зголемување на платите во основното и средното образование, како и во градинките од 12 отсто, со ребалансот на буџетот. Поради несоодветни уцени и неразумна поставеност на раководството на СОНК, децата и учениците изгубија значајни две недели од наставата, која треба соодветно да се надомести бидејќи тие најмногу претрпеа штета од овој штрајк. СДСМ продолжува со политиката на покачување на платите и вреднувањето на работниците, но докажа дека на уцени и неразумни барања не подлегнува. Социјалниот дијалог е единствениот начин за постигнување на целите на синдикатите и доаѓање до взаемни прифатливи решенија. СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците работејќи посветено на подобрување на животниот стандард дури и во услови на најголема економска криза“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…