По изјавата на Путин, Бајден итно го свика советот за безбедност
Американскиот претседател Џозеф Бајден свика состанок на тимот за национална безбедност поради ситуацијата во Украина, јавуваат медиумите.
„Неименуван претставник на Белата куќа рече дека Бајден се сретнал со тимот за национална безбедност за да ги добие најновите информации за Русија и Украина“, објави Ројтерс.
Веста дојде набргу откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека одлуката за признавање на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск ќе биде донесена денеска.
Инаку, на вонредниот состанок на Советот за безбедност на Русија, на кој беше одлучено евентуалното признавање на ДНР и ЛНР, министрите за надворешни работи и за одбрана на Русија, Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу се изјаснија за поддршка на признавањето. на двете самопрогласени републики.
Истото мислење го изразија и другите членови на Советот за безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…