Објавено на:

По обидот за атентат Зеленски го отпушти шефот на Управата за државна безбедност

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти Сергеј Руда, шеф на Управата за државна безбедност (УДО), која е одговорна за наводниот неуспешен обид за убиство на украинскиот лидер, пренесува Ројтерс.

Зеленски издаде указ за разрешување на Руда, но не прецизираше кој ќе го замени на чело на УДО.

Во вторникот, Службата за безбедност на Украина (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (СБУ), кои, заедно со уште тројца обвинети, беа осомничени дека подготвувале обид за атентат на претседателот Володимир Зеленски, началникот на СБУ, Василиј Маљук, шеф на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов и други високи функционери по инструкции на руските специјални служби.

Како што е соопштено, контраразузнавањето и истражителите на Службата за безбедност на Украина ги осуетиле плановите на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) за елиминирање на претседателот на Украина Володимир Зеленски и други претставници на највисокото воено и политичко раководство на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…