По објавувањето на стотици илјади лични податоци, Албанија ангажира американска компанија за бopба против сајбер напади

t

Албанската влада објави дека ќе ангажира американска компанија за зајакнување на сајбер безбедноста. Одлуката уследи по објавувањето на доверливите лични информации од базата на податоци за вработените во владата минатиот месец.

„Официјална Тирана и Џонс Груп Интернационал во Вирџинија потпишаа меморандум за разбирање за зајакнување на безбедноста на дигиталните системи“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

Во декември беа обелоденети лични податоци на околу 690.000 луѓе, вклучително и матични броеви и податоци за вработување и заработка од владината база на податоци за лица вработени во јавниот и приватниот сектор. Овие доверливи информации масовно се споделуваат на апликациите.

Поради тој случај уапсени се четири лица, кои подоцна се пуштени од притвор, а покрената е истрага, јавуваат агенциите.

Групата Џонс ја предводи пензионираниот генерал Џејмс Џонс, поранешен советник за национална безбедност на САД и командант на Здружените сили во Европа.

„Американската компанија целосно ќе ги скенира нашите системи за да утврди како тие се изложени на домашни и странски напади“, објасни албанската министерка за инфраструктура Белинда Балаку.

Скандал со протекување на заштитени лични податоци ја погоди Албанија пред парламентарните избори во земјата во април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еди Рама: Никој не може да ме…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…