По одлука на Владата, Армијата ќе испрати дополнителен број на војници на Косово

t

Македонија ќе испрати дополнителен број на војници во рамите на Мисијата на КФОР во Косово, одлучи Владата на седницата на 24 октомври. Донесена е одлука да се испрати вод од 35 луѓе.

„Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, а со цел зајакнување на безбедноста и сигурноста на Република Косово“, соопшти владината прес-служба.

Вкупниот број со кој ќе учествуваме во операцијата „КФОР“ во Република Косово ќе изнесува 101 припадник на Армијата на Република Македонија, велат од Владата.

Првиот контингент со македонски мировници во НАТО операцијата „КФОР” во Република Косово се упати на 1 ноември 2020 година. Контингентот е распореден во рамки на италијанскиот контингент.

Мировната операција на Косово ја спроведува НАТО според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации . Во КФОР има повеќе од 4.500 војници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…