По падот на Асад, од Турција во своите домови се вратиле 7.600 Сиријци
Околу 7.600 сириски мигранти ја преминале турската граница и се вратиле во својата земја по падот на сирискиот претседател Башар ал Асад пред една недела, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи.
Вкупниот број Сиријци кои „доброволно се вратиле од Турција“ од 9 до 13 септември достигна 7.621, напиша Али Јерликаја во соопштението објавено на Х.
Бунтовниците предводени од исламистите влегоа во Дамаск и го соборија Асад на 8 декември.
Турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер денеска исто така изјави дека Анкара е „подготвена да обезбеди воена помош доколку новата сириска влада го побара тоа“.
Турција е „подготвена да ја обезбеди потребната помош доколку новата влада го побара тоа, рече министерот, пренесоа локалните медиуми.
Ѓулер додаде и дека треба да им се дадат шанси на новите власти во Дамаск, кои се предводени од исламистички бунтовници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сирија го осуди братучедот на Башар ал-Асад…
Сириски суд го осуди Васим ал-Асад, братучед…
Гутереш повика на укинување на сите санкции…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Гутереш повика на глобална поддршка за Сирија…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Трамп одлучи да го поништи статусот на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го…
Макрон во посета на Сирија, ќе се…
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Сирија…