По пауза од две години: Реал Мадрид повторно шампон на Шпанија – “Кралевите” недостижни за ривалите

Реал Мадрид и со комбиниран состав успеа да го победи Еспањол (4-0) и на четири кола до крајо ја обезбеди титулата во Примера. По две години, шампионскиот трофеј се враќа во витрините на „кралевите“ на Карло Анчелоти.
Титулата во Примера остана во Мадрид, но овојпат од Атлетико се префрла кај градскиот ривал Реал.
„Кралевите“ имаат уште четири меча до крајот на сезоната. Но, веќе направија недостижна предност пред ривалите, со денешното славје во дуелот со Еспањол. Тоа им овозможи нова радост во домашното првенство, по пауза од две години.
За најтрофејниот тим во Шпанија ова е 35-та титула во историјата. „Кралскиот“ клуб се одлепи од Барселона, која има 26 трофеи, а Атлетико заостанува со 11 успеси во домашниот шампионат.
Во тековната сезона мадриѓани покажаа најдобра форма и заслужено завршија на првата позиција. Конкурентите имаа сезона за заборав, а тоа беше максимално искористено од страна на екипата на Карло Анчелоти.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанската полиција разби синџир на трговија со…
Шпанската полиција разби синџир на трговија со…
(Видео) Силно торнадо опустоши шпански град, жителка…
Силно торнадо уништи живописна улица во Позо…
Шпанската Влада одобри пократка работна недела
Владата на Шпанија, во договор со синдикатите,…
Разбиен е „балкански картел“ во Галиција, уапсени…
Со апсење на девет лица, шпанската полиција…
Во голема акција против трговија со дрога…
Шпанската полиција уапсила 31 лице во голема…