По реакциите во јавноста Фатон кој го прегази Југослав, заврши во притвор
Скопскиот Кривичен суд денеска соопшти дека Кривичниот совет ја преиначил првичната одлука на судијата на претходна постапка и му одредил мерка притвор на обвинетиот Фатон Љ. (25), кој минатата недела со мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола ја предизвика трагичната сообраќајна несреќа во која загина Југослав.
„Кривичниот совет при овој суд ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор на обвинетиот Ф.Љ. Обвинетиот веќе е спроведен во Затвор Скопје-Скопје“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.
Според информациите, Фатон Љ. по несреќата избегал од местото на настанот, а во полициската станица се јавил дури два дена подоцна. Првичната судска одлука да му биде одреден куќен притвор предизвика остри реакции во јавноста, особено од страна на семејството на загинатиот и граѓаните на социјалните мрежи, кои побараа построга мерка.
Обвинетиот сега се наоѓа во притвор во затворот во Скопје, додека истражните органи ја продолжуваат постапката за утврдување на сите околности околу несреќата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…
Во изминатото деноноќие, на територија на целата…
Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…
(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…