По реакциите МНР се откажа од рекламирањето за 100.000 евра
МНР ќе ја прекине кампањата за која беше објавено дека за пиар агенцијата Рејтинг ќе се дадат 100.000 евра за рекламирање на претседавањето со ОБСЕ, но велат дека овој потег не е во спротивност на активните законски практики и членот 102 од Законот за АВМУ за пласирање средства кај радиодифузерите.
Без разлика на законските можности, по сугестијата која денес дојде од ЗНМ, Министерството за надворешни работи ќе ја прекине предвидената еднонеделна кампања преку користење веб – банери. Во интерес на транспарентното работење, евентуалните идни активности од комуникациски аспект ќе бидат правени во координација со новинарските здруженија и другите претставници на граѓанскиот сектор, соопштија од МНР.
Претседавањето со ОБСЕ претставува најголемиот надворешно – политички проект со кој Република Северна Македонија ќе се претстави во меѓународната јавност, но и проект кој има значење и влијание и за севкупниот внатрешно – политички развој на земјата, велат тие.
Според нив ангажирање на агенција за време на претседателството со ОБСЕ претставува редовна работа за секој Претседавач со организацијата, и активностите кои се предвидени не се за пи-ар, туку за организиран пристап кон предизвиците за стратешко комуницирање на земјата како земја – претседавач со најголемата регионална безбедносна организација.
– Покрај Стратешкото комуницирање, ангажирањето на Агенцијата во најголем дел се однесува за поддршка на Министерскиот совет, комплексен проект кој предвидува организирано присуство и активности на над 70 делегации од целиот свет, кои се очекува да бидат предводени на највисоко дипломатско ниво, на ниво на Министри за надворешни работи. Во рамките на првите денови од преземање на претседателството, беа привремено постави веб банери, кои се од информативно-едукативен карактер и преку истите на ниеден начин не се промовира ниту министерството ниту неговата работа, стои во соопштението.
Претходно АВМУ соопшти дека ова е противзаконски.
Одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР) да потроши 100.000 евра за кампањи со цел промовирање на претседавањето со ОБСЕ е спротивна на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, порачуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и потенцираат дека тоа е во спротивност со член 102 од Законот во кој се посочува дека дека е забрането користењето буџетски средства за рекламирање во медиумите.
-За вакви и слични настани кои се од голема важност за државата, граѓаните не само што имаат право, туку и треба да бидат информирани, но на други начини, а не преку трошење на буџетски средства, велат од АВМУ.
Користењето средства на даночните обврзници за рекламирање на власта преку комерцијалните радиодифузери, нагласуваат, може да предизвика нарушување на независноста и на уредувачката самостојност и истовремено може да создаде клиентелистички однос на медиумите кон власта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…