По сечењето на шумата, Љубојно се поплави – жителите предупредуваа, но никој не ги слушаше

t

Силно невреме го поплави селото Љубојно каде дождот се разлеа низ дворовите, улиците и куќите, во обилно невреме кое траело повеќе од 40 минути со град. Овој настан доаѓа по протестите на жителите од селото, кои предупредуваа од опасноста за поплава на селото поради огромната сеча на шума и нивното алармирање кое трае повеќе од седум дена.

Дел од жителите на селото кои протестираа против сечата на шумата, се соочија со казни, но тие немаат намера да се откажат од нивниот отпор и ќе продолжат со протестите. Опасностите од првиот дожд вчера беа видени на лице место, што покажува колку сечењето на шумата може да го загрози животот на граѓаните и нивното живеење таму.

Напорите на граѓаните да спречат поголеми катастрофи беше прекинат токму од овој дожд како нивно предвидување. Секое поголемо невреме може да биде катастрофално за Љубојно и за сите кои живеат во него. Во јавноста расте поддршката за жителите кои се борат, но и за зачувување на скапоцената природа која потпаѓа под рацете на профитот и со тоа врши сериозна закана врз селото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Испораките на руски гас за Турција речиси…

Испораките на руски гас за Турција преку…

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…

Во изминатото деноноќие, на територија на целата…

Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…

Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…

(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…

Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…