По третпат ќе почне од почеток судењето за родилката од Дебар која остана без матка, бубрег и јајник

t

По третпат се враќа од почеток судскиот процес за случајот Јилдиз Веапоска, за родилката од Дебар која остана без матка, бубрег и јајник.

Таа речиси 2 години ја чека правдата, а до сега се сменија двајца судии и двајцата во рок од една година заминаа во пензија.

„Од самиот почеток се одолговлекува судењето на докторите од Струга кои ме осакатија и ме оставија без три органи“ вели Веапоска која поднесе и претставка до Судскиот совет со барање да се испита работата на судот во Струга.

„Судијата и обвинителот избегаа од процесот и затоа не го завршија.Тие, тој судија и тој обвинител нема да остават никаква трага во правосудството во Република Македонија, ете тоа е моето мислење. Довербата во правосудството е во минусно салдо отидена.Правдата е тешко достапна, луѓето се загрижени, неможеш да го знаеш исходот на постапките од икс причини”- рече Сашо Јанев, адвокатот на Веапоска

Претседателот на струшкиот Основен суд вели дека e лоша ситуацијата во судот каде се водат сериозни судски процеси бидејќи од потребните 15 судии, останале само четворица

На 22 декември по третпат ќе започне судскиот процес против екс директорот на струшката општа болница, Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани и Лилјана Јованоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Револуционерен потег: За првпат човек доби бубрег…

62-годишниот Ричард Слејман, кој боледувал од краен…

Бочварски: 20 милиони евра за изградба на…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…

Најстудено во Берово, најтопло во Дебар

Во Берово утрово е најстудено, со измерени…

Поради сообраќајка, затворен за сообраќај патот Дебар-Центар…

Патниот правец Дебар-Центар Жупа од попладнево е…

По третпат ќе почне од почеток судењето…

По третпат се враќа од почеток судскиот…