По хакерските напади, Франција ќе ѝ помага на Црна Гора со кибер безбедноста
Франција ќе ја достави својата експертиза во областа на кибер безбедноста на владините институции во Црна Гора, на барање на таа земја членка на НАТО, која е цел на голем хакерски напад врз владини институции, соопштија француските власти.
Тоа е втор кијбер напад за една недела во Црна Гора.
„Француската влада одговори позитивно на барањето на црногорските власти и ја става на располагање Националната агенција за безбедност на информациските системи (ANSSI) да изврши мисија за поддршка и помош во откривањето, анализата и санирањето на кибер безбедноста“, изјави владиниот претставник задолжен за дигитална транзиција и телекомуникации Жан-Ноел Баро.
Според него, ANSSI ќе и обезбеди на Црна Гора капацитети за анализа и совети, експертиза и знаење со цел да се иницираат првите итни мерки.Баро додаде дека мисијата е во согласност со проектот за создавање регионален центар за развој на кијбер капацитети, предводен од Франција и Словенија, кој ќе биде со седиште во Црна Гора.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марин Ле Пен профитира од хаосот на…
Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…
Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…
Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…