По 19 години стагнација: Минималната старосна пензија во Унгарија се зголемува повеќе од четири пати

t

Од 1 јануари, најниската старосна пензија во Унгарија ќе биде зголемена на 120.000 форинти.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар во својата изјава потсети дека минималниот износ на старосната пензија од 2008 година е непроменет и изнесува 28.500 форинти.

„Постојат долгови кои не можат да се исплатат во форинти. Таков е долгот на татковината кон оние кои со децении работеле, одгледувале деца, се грижеле за своите родители и ја воделе Унгарија низ нејзините најтешки периоди“, истакна Маѓар.

Тој додаде дека по повеќе од една и пол деценија владеење на владата на Орбан, речиси еден милион постари граѓани живеат во тешки услови.

Маѓар потсети дека партијата ТИСА уште пред изборите ветила дека ќе ја зголеми минималната пензија на 120.000 форинти, како и дека целно ќе ги зголеми најниските пензии, објави националната новинска агенција МТИ.

Тој додаде дека укинувањето на ДДВ за лековите што се издаваат на рецепт, како и намалувањето на ДДВ за огревното дрво од 27 на 5 отсто, исто така ќе им помогнат на „стотици илјади од најзапоставените постари граѓани да живеат достоинствено“.

„Владата на Орбан ја остави Унгарија во трагична економска и финансиска состојба. Наследивме огромен дефицит и уништен, исцрпен буџет. Во таква ситуација, една хумана држава почнува да помага таму каде што потребата е најголема“, рече Маѓар.

Тој нагласи дека пензијата „не е подарок, ниту милостина“.

„Нашите постари граѓани заслужуваат сигурност, почит и достоинство по целиот живот посветен на работа“, порача Маѓар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 19 години стагнација: Минималната старосна пензија…

Од 1 јануари, најниската старосна пензија во…

Унгарија отвори кривична истрага за кредитот од…

Унгарските власти вчера соопштија дека отворија кривична…

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…

Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…

Автобус од Полска излета од пат во…

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…

(Фото) Цариници спречија шверц на злато вредно…

Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид…