Правда ќе изврши вонреден надзор на затворот “Идризово” по случката со Боки 13

t

Министерството за правда попладнево соопшти дека во затворот „Идризово“ ќе биде извршен вонреден надзор откако вчера Бојан Јовановски, осуден за случајот „Рекет“ бил физички нападнат во дворот на затворот по што истиот беше пренесен во болница.

– Во врска со настанот кој се случи вчера во Казнено-поправниот дом „Идризово”, Управата за извршување на санкции информира дека вчера околу 15:30 часот, на шеталиштето каде слободното време за прошетка на отворено го користат осудените лица кои се со затворен третман, две осудени лица со иницијали Т. М. и О. А. физички ги нападнале осудениот Б. Ј. и друго осудено лице кое шетало со него, нанесувајќи удари во телото и главата, наведуваат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски за брзо ќе ја чита…

Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон…

При претрес на затвореник во Идризово најдена…

Полицијата добила пријава од затворот Идризово дека…

Тепачка меѓу затвореници во „Идризово“, еден заврши…

Еден затвореник е повреден во тепачка со…

Стразбур донесе одлука во корист на затвореник…

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и…