„ПРАЗНИКОТ ДА ГО ПОМИНЕТЕ ВО МИР И СПОКОЈ“: Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

t

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до г.г.Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православна вероисповед.

– Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од православна вероисповед, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.Најискрено Ви посакувам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, во мир и спокој, исполнети со неизмерна радост и среќа – се вели во честитката.

Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, се посочува во честитката од Сиљановска Давкова, значи славење и почитување на традициите и на семејните вредности, и затоа со добри мисли и со љубов да им помагаме и да им даруваме на ближните.

– Сите граѓани на Македонија, без разлика на родова, верска или етничка припадност се дел од едно семејство и затоа сложно и солидарно да го градиме нашиот заеднички дом, базирајќи го соживотот на меѓусебна почит, разбирање и добрина – вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски од Брисел: Македонија мора да има…

Проширувањето на Европската Унија треба да продолжи…

Осомничениот за нападот врз девојката во Охрид…

Триесет и едногодишниот Кристијан Корабоски, осомничен за…

Митева со осуда кон насилството врз младата…

Фејсбук статус на Марија Митева, портпарол на…

Бугарија спаси две руски банки од санкциите…

Бугарија побара од Европската Унија да ги…

Сам се пријави во полиција битолчанецот кој…

МВР информира дека денеска полициски службеници од…