Објавено на:

Првиот пациент со мајмунска сипаница хоспитализиран во Словачка

t

Првиот случај на зараза со мајмунска сипаница е прелиминарно потврден во Словачка, а пациентката е хоспитализирана, објави во вторникот телевизијата ТА3.

Пациентка сомнителна на зараза со мајмунска сипаница е хоспитализирана во одделот за инфективни болести во болницата во градот Прешов, на истокот од Словачка, се наведува во информацијата.

Лекарите коишто ја поставиле првичната дијагноза, ги очекуваат резултатите од тестовите, кои треба да бидат спроведени во специјализирана лабораторија во главниот град Братислава.

Мајмунската сипаница е ретко вирусно заболување, коешто главно се пренесува на луѓето од животни, како што се глодари или примати. Симптомите на болеста се треска, главоболка, болка во мускулите и грбот, отечени лимфни јазли, треска и замор. Исфрлање на кожата може да се јави на лицето и на други делови од телото.

Стапката на смртност за епидемии на мајмунски сипаници е вообичаено меѓи 1 и 10 отсто, според Светската здравствена организација (СЗО – WHO). Притоа, најголемиот дел од смртните случаи се јавуваат кај помладите возрасни групи./

Мајмунските сипаници се сметаат за помалку заразна болест во споредба со големите сипаници, коишто според СЗО се искоренети од 1980 година. Според информациите од регионалното биро на СЗО за Европа од минатата седмица, досегашните податоци покажуваат дека епидемијата во европскиот регион веќе била во тек кон средината на април.

Станува збор за најголема и географски најраширената епидемија на мајмунските сипаници кога и да е забележана надвор од ендемските области во западна и во централна Африка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи од Чучер Сандево: Кренете ги главите,…

„Граѓаните вчера ни испратија порака, ги слушнавме.…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Артемон

Беше свештеник во Лаодикија во времето на…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…