Објавено на:

Првите реакции на Русија на одобрението Украина да добие кандидатски статус за ЕУ

t

Одлуката на Европската комисија да ѝ даде одобрение на Украина за статус на кандидат за Европската унија бара зголемено внимание од Москва, изјави прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.

Песков, исто така, рече дека би било одлично ако европските лидери влијаат врз раководството на Украина и го поттикнат трезвено да гледа на ситуацијата.

– Би било одлично ако европските лидери би влијаеле врз раководството на Украина, врз оние кои таму носат одлуки, да ги охрабрат трезвено да гледаат на ситуацијата. И покрај тоа што, секако, се членови на една машина, членови на колективниот Запад, сепак ја разбираат потребата од продолжување на дијалогот, изјави Песков за „Известија“.

Да потцетиме, Европската комисија препорача на Украина и на Молдавија да им се додели кандидатски статус како симболичен чекор на долгиот пат кон членството во Европската унија, наведува „Блумберг“.

Извршното тело на ЕУ во петокот ја одобри кандидатурата, со услови кои двете земји ќе треба да ги исполнат во иднина во однос на владеењето на правото, правдата и борбата против корупцијата.

Комисијата препорача и Грузија да добие кандидатски статус, но само по исполнување на одредени услови.

– Украина е европска земја која даде доволно докази за својата посветеност на вредностите на кои се заснова Европската унија, се наведува во препораката.

– Комисијата затоа препорачува Украина да добие кандидатски статус, со разбирање дека треба да преземе конкретни чекори.

Не постои брз начин да се забрза напорниот процес на членство, кој обично може да потрае повеќе од една деценија, рече „Блумерг“.

Хрватска беше последната земја што се приклучи на блокот, а нејзиниот процес на аплицирање траеше 10 години пред да биде официјално прифатен во 2013 година.

Конечната одлука за доделување статус ќе треба да ја одобрат сите 27 земји-членки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…

Путин ќе ја посети Кина во мај

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека во…

Девојка (19) во Украина се обидела да…

Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се…

САД ѝ испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Kурти смета дека местото на Косово е…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин…