Првото вселенско студио: Филмови ќе се снимаат и на 400 километри над планетата Земја

t

Компанијата која е копродуцент на претстојниот вселенски филм на Том Круз ги откри плановите за создавање студио за филмска продукција и спортска арена во нулта гравитација, пренесува Гардијан.

Британското студио „Спејс ентертејнмент ентерпрајс“ соопшти дека ја ангажирале компанијата „Аксиом“ за да го изградат модулот наречен SEE-1, кој ќе биде дел од комерцијалното крило на Меѓународната вселенска станица. Планиран датум за ова е декември 2024 година.

На локацијата ќе се одржуваат филмски, телевизиски, музички и спортски настани – иако капацитетот на публиката на локацијата допрва треба да се утврди – како и креаторите на содржини кои сакаат да развиваат, произведуваат, снимаат, емитуваат и пренесуваат во живо на повеќе од 400 километри над Земјата.

Третострани даватели на услуги ќе можат да ги користат капацитетите, но од компанијата исто така имаат намера да создадат своја содржина.

„Аксиом“ потоа ќе се одвои од Меѓународната вселенска станица во 2028 година. Тие го добија договорот за развој на комерцијалното крило претходно овој месец.

„SEE-1 е неверојатна можност за човештвото да се пресели во поинакво царство и да започне возбудливо ново поглавје во вселената“, велат коосновачите на компанијата, Дмитриј и Елена Лесневски.

„Тоа ќе обезбеди уникатен и достапен дом за неограничени можности за забава во место преполно со иновативна инфраструктура, што ќе ослободи нов свет на креативност“, додаваат тие.

Том Круз и режисерот Даг Лиман треба да бидат испратени до Меѓународната вселенска станица годинава за да го снимаат вториот филм што досега се снимал во вселената.

Круз планираше да полета во октомври минатата година, но патувањето беше одложено неколку месеци поради причини, наводно, поврзани со буџетот од 200 милиони долари. Во меѓувреме, руска филмска екипа успешно полета до Меѓународната вселенска станица во октомври на 12-дневно снимање за „Предизвикот“ (The Challenge).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американски генерал: САД треба да ја контролираат…

Генерал-полковник на Маринскиот корпус на војската на…

МИОА: Македонија доби место во Вселената

Македонија денеска ги потпиша финалните акти за…

Путин: Во иднина статусот на една држава…

Високиот статус на една земја на светската…

Ердоган се пофали: Турција лансира нов сателит…

Нов турски сателит за набљудување ќе биде…

Русија ќе војува и во Вселената: Вселенските…

Вселенските објекти што ги користат САД и…