(Видео) Прво место за ЕБР на единаесеттите „Ренџерски игри“!

t

Единицата за брзо распоредување при МВР го освои првото место на Ренџерските игри годинава, соопштијаод МВР.

– Прво место за ЕБР на 11-те „Ренџерски игри“. ЕБР – Секогаш и секаде!

Извидувачко-разузнавачкиот баталјон-Ренџери и оваа година беше домаќин на 11- те по ред Ренџерски игри, кои се реализира во периодот од 06 до 10 ноември во касарната „Илинден“ во Скопје. На игрите учество земаа 5 екипи од Армијата и 2 екипи од МВР.

Главна цел на игрите е подигање на спортскиот и натпреварувачки дух со демонстрирање на високи тактички познавања и одлична физичка подготвеност.

По сумирање на сите резултати од сите предвидени игри прво место екипно го освои Единицата за брзо распоредување, како и за најдобар поединец на ренџерските игри беше прогласен Димитар Пилешков од Единицата за брзо распоредување. – велат од Министерството од каде објавија и кратко видео од игрите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…

МВР најави зголемена употреба на дронови за…

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…

Од МВР информираат дека е поднесена кривична…