Објавено на:

Прв е Роналдо: „Форбс“ објави листа на 11 најплатени фудбалери – заедно ќе заработат речиси милијарда долари

t

Магазинот Форбс ја објави листата на најплатени фудбалери во 2023 година.

Заработката на најголемите ѕвезди ја поделија на пари добиени од она што го работат на теренот и она што го прават надвор од него. Поточно, до износот стигнале со собирање на вкупната заработка од плати, бонуси и сопственички права на играчите договорени со клубот, како и проценка на приходите надвор од теренот, која се состои од бизниси со кои управуваат фудбалери, продажба на лиценци, сувенири и слично.

Овде не се вклучени компензациите што клубовите ги плаќаат за играчи на други клубови, пишува „Индекс“.

Листата на најплатените фудбалери во светот во 2023 година, според „Форбс“:

1. Кристијано Роналдо (Ал Наср) – 260 милиони долари (200 милиони од играње, 60 од други активности)
2. Лионел Меси (Интер Мајами) – 135 милиони долари (65 милиони од играње, 70 од други активности)
3. Нејмар (Ал Хилал) – 112 милиони долари (80 милиони од играње, 32 од други активности)
4. Килијан Мбапе (ПСЖ) – 110 милиони долари (90 милиони од играње, 20 од други активности)
5. Карим Бензема (Ал Итихад) – 106 милиони долари (100 милиони од играње, 6 други активности)
6. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 58 милиони долари (46 милиони од играње, 12 други активности)
7. Мохамед Салах (Ливерпул) – 53 милиони долари (35 милиони од играње, 18 од други активности)
8. Садио Мане (Ал Наср) – 52 милиони долари (48 милиони од играње, 4 други активности)
9. Кевин Де Бруин (Манчестер Сити) – 39 милиони долари (35 милиони од играње, 4 други активности)
10. Хари Кејн (Баерн) – 36 милиони евра (26 милиони од играње, 10 од други активности)
11. Роберт Левандовски (Барселона) – 34 милиони долари (24 милиони од играње, 10 од други активности)

Роналдо, Нејмар, Бензема и Мане годинава ги напуштија Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Реал Мадрид и Баерн и заминаа во саудиските клубови финансирани од исклучително богатиот саудиски фонд за јавни инвестиции. „Форбс“ наведува дека саудиските клубови летово потрошиле речиси милијарда долари за да донесат 94 играчи од странски лиги. Според гласините, на Меси и Мбапе наводно им биле понудени пакети од 1,6 и 1,1 милијарди долари.

„Форбс“ предвидува дека 11-те најплатени светски фудбалери ќе заработат 995 милиони долари пред даноци и такси за агенти оваа сезона, што е за 53 отсто повеќе од минатогодишната листа, на која десетте играчи заработија тогаш рекордни 652 милиони долари.

Да потсетиме, по истекот на договорот, Меси замина во МЛС, односно Интер Мајами, клуб во сопственост на Дејвид Бекам. Останатите играчи на списокот (Мбапе, Халанд, Салах, Де Брујн, Кејн и Левандовски) играат во европски клубови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Форбс“: Новата руска летна офанзива ќе започне…

Летната руска офанзива ќе се претвори во…

(Видео) Kaрлеуша се запозна со Георгина на…

Јелена Карлеуша и Ѓорџина Родригез се запознаа…

Форбс ја именуваше добитничката на наградата „најмоќна…

Поддршката на Урсула фон дер Лајен за…

Прв е Роналдо: „Форбс“ објави листа на…

Магазинот Форбс ја објави листата на најплатени…

Крипто инвеститорите за една година изгубиле повеќе…

Во само една година крипто инвеститорите изгубиле…