Превозниците нема да ги блокираат границите, ќе се бара решение со ЕУ

t

По остварена средба со претставници на дел од државите членки на шенген зоната, а преку Мисијата на Европска Унија со седиште во Белград, претставниците на превозниците од четирите држави на Западен Балкан (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) се договорија да не го реализираат најавениотпротест на 14.09.2026 година со затворање на граничните премини кон државите на Европска Унија (ЕУ) – објави денеска Асоцијацијата Макам-транс на својата Фејсбук страница. 

-На овој начин покажавме добра волја и разбирање за проблемите кои би настанале со прекинување на синџирот на снабдување на стока меѓу Западен Балкан и ЕУ и искажавме доверба на ветувањето дека ќе се забрза процесот за изнаоѓање на соодветно решение за професионалните возачи и нивниот престој во Шенген Зоната подолг од 90/180 дена до изгласување на новата визна стратегија во втората половина на 2027 година. Сите подготовки за спроведување на протестот се ставени вон сила на одреден период – велат од Макам-транс. 

Превозниците од регионот на 1 септември одржаа предупредувачки протест барајќи решавање на проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во шенген-зоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…

Мерц бара значително намалување на буџетот на…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…