Прегазен 18-годишен Турчин во Штип, возачот избегал
„Вчера во 20.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул.„Панче Караѓозов“ со ул.„Широк Дол“ во Штип, патничко возило „ситроен ц2“ со штипски регистарски ознаки, удрило во пешакот Џ.Е.К.(18) од Република Турција, со привремен престој во Штип, по што возачот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип. По преземени мерки и активности, полициски службеници го пронашле возачот С.О.(44) од Штип и неговото патничко возило и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…