Пред избори ДИК со сè помалку вработени

t

Десетици вработени ја напуштиле Државната изборна комисија, а некои планираат наскоро да го сторат тоа затоа што не добиле унапредување. Првиот човек на ДИК Александар Даштевски вели дека ова е сериозен проблем за институцијата која сега не задоволува ниту половина од потребите предвидени со систематизација на кадарот. Барањето за довршување на планот за унапредувања и вработувања за периодот 2020-2023 година Министерството за финансии им го враќа веќе пет пати.

И покрај ваквата лоша кадровска состојба Даштевски оценува дека ДИК може да ги спроведе изборите.

Собранието следните денови мора да одобри дел од препораките на ОБСЕ-ОДИХР за Изборниот законик, но Даштевски вели дека тоа се главно технички прашања кои им ја олеснуваат работата. Во работната група за овие измени немаше договор за промена на одредбите за финансирање на изборната кампања, иако од ОДИХР го побараа и тоа. Според оваа меѓународна институција, во земјава нема еднакви услови за политичко рекламирање за време на кампањата.

Од друга страна, не се знае колку буџетски средства ќе се заштедат со тоа што изборите напролет ќе бидат двојни, а не одвоени, бидејќи сè уште не е направена проценка.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управниот суд денес ќе пресече: Ќе има…

Во Управниот суд за денеска се закажани…

Управен оформи предмети за седум тужби на…

По поднесени седум тужби од страна на…

ВЛЕН ја повлече тужбата пред Управниот суд…

Коалицијата ВРЕДИ ја повлече тужбата пред Управниот…

Европскиот фронт ја обжали одлуката за прегласување…

Европски фронт ја обжали одлуката на ДИК…

ДУИ ќе се жали до Управен на…

Елми Азири од „Европски фронт“ на денешната…