Преку 30 луѓе кои земале плата, а не доаѓале на работа во Комунална Хигиена повеќе нема да цицаат од парите на скопјани

t

Новата директорка на ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје, Косана Мазнева, денес не им ги продолжи договорите на речиси 40 луѓе кои биле вработени преку авторски агенции во претпријатието, а со години не доаѓале на работа, но земале плата.

– На 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП Комунална хигиена-Скопје, кои месеци и години земале плата а не оделе на работа, денес им завршија договорите и истите не се продолжени, стои во соопштението од ЈП „Комунална Хигиена“.

Оттаму додават дека е крајно време да се стави крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните на градот Скопје, и дека нема да дозволи луѓе кои седат дома да добиваат плата од парите на буџетот на градот.

-Во ЈП Комунална хигиена-Скопје мора да се стави крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните и посветено да се работи на подобрување на услугите и исполнување на нашите обврски кон граѓаните, велат во соопштение од „Комуналец“.

Истовремено, од претпријатието известуваат дека против една вработена во секторот за односи со јавност е покрената дисциплинска постапка поради недолично однесување со медиумски работник, и потсетуваат дека ЈП „Комунална Хигиена“ мора да биде транспарентно и отчетно претпријатие.

-Истовремено кон вработената во ЈП Комунална хигиена-Скопје која денес предизвика инцидент веќе е отпочната дисциплинска постапка. Работниот процес мора да се одвива професионално и со почит кон секој. Претпријатието е отворено и транспарентно за сите граѓани и медиуми и во иднина нема да се дозволи недолично или несоодветно однесување во Претпријатието, а сe во насока на имплементација на реформи за подобри работни процеси во интерес на граѓаните, стои во соопштението на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец искршил стакла на банка во Аеродром

Вчера во 09:50 часот на подрачјето на…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Европската Унија издвои шест милијарди евра за…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

АТЕНТАТ НА ВИСОК РУСКИ ФУНКЦИОНЕР: Го избоделе…

Гувернерот на областа Мурманск, Андреј Чибис е…

Ванковска: Сè ни одземаа, освен душата –…

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата…