Премиерот Ковачевски не очекува нови условувања од Бугарија по промената на уставот
Тој во интервју за МИА вели дека ова било потврдено и во пораките од меѓународната заедница, посочувајќи ги изјавите на високиот претставник за надворешна политка Борел и на германскиот канцелар Олаф Шолц дека нема да има нови барања за Македонија надвор од утврдената Преговарачка рамка. Ковачевски додава дека и Бугарија исто така во повеќе наврати го потврдила истото. Понатамошните барања, премиерот вели ќе се однесуваат на реформите во државата.
-Нема простор за загриженост, иако ги разбирам стравувањата, особено после одредени чекори и провокации кои беа на штета на односите меѓу двете земји. Но, со европски политики и одговорност од двете страни, може да се стигне и до европски односи. Тезата која ја наметнува опозицијата е манипулативна и има двојна цел. Од една страна да ги доведува во заблуда граѓаните, да си поигрува со нивните емоции. Од друга страна да создава алиби за својата неодговорност затоа што немаат аргументи како да ги бранат своите обиди за блокади, -Димитар Ковачевски – Претседател на Владата.
Ковачевски во интервјуто вели дека потребен е општествен консензус за исполнување на целта – државата да стане полноправно членка во ЕУ и додава пратениците треба добро да размислат пред да донесат одлука. На собраниската седница која почнува на 18 август премиерот очекува да има, искрена, квалитетна и плодна дебата, со цел ,како што вели, да се донесе натпартиска одлука.
-Ако опозицијата изгласа уставни измени ние сме подготвени уште утредента да одиме на избори, и тоа е јасно. Пратениците сега имаат многу поважна работа од терање изборни кампањи и калкулации за министерско, пратеничко или директорско столче. Пратениците сега имаат, би рекол најважна задача, а тоа е да обезбедат европска иднина и перспектива на земјата на граѓаните кои им го дале мандатот. Не само Владата, не само опозицијата, туку целото општество, треба да сме посветени на евроатлантските интеграции на Македонија, –Димитар Ковачевски – Претседател на Владата
Ковачевски вели и дека покрај отцепувањето на неколку членови од ДУИ владејачкото мнозинство е стабилно и не очекува промени во правецот на делувањето во однос на уставните измени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…
Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…
Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…
Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…
Владата не може да ги обезбеди законски…
КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…
Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…