Објавено на:

Премиерот на Украина ќе го посети Вашингтон

t

Делегација предводена од украинскиот премиер Денис Шмигал следната недела ќе го посети Вашингтон, пренесе Бгнес.

Во делегацијата ќе бидат и министерот за финансии Сергеј Марченко и гувернерот на Централната банка Кирил Шевченко. Нивната посета се совпаѓа со традиционалната пролетна посета на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Се очекува Шмигал, Марченко и Шевченко да одржат билатерални состаноци со финансиски претставници на Г7 и да присуствуваат на тркалезна маса организирана од Светската банка за конфликтот во Украина.

Настанот ќе биде прва можност за раководството на Украина лично да се сретне со голем број финансиски функционери од развиените економии од почетокот на руската инвазија врз Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ:…

По скоро целосна обработка на гласачките ливчиња,…

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Денеска се празнува Свети Василиј Паријски

Овој добродетелен маж во времето на иконоборството…

ДИК (обработени 99%): Предност од 179.933 гласови…

Државната изборна комисија ги објави резултатите по…

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…