Премиерот на Холандија: Нападите на Иран не се во согласност на меѓународното право
Холандскиот премиер Роб Јетен изјави во петокот дека нападите на САД и Израел врз Иран не се во согласност со меѓународното право, признавајќи ја заканата што Техеран ја претставува за регионалната безбедност. Ставот ја доближува Холандија до други европски земји, вклучувајќи ги Шпанија и Франција, кои исто така ја доведуваат во прашање легалноста на војната, објави Политико.
„И нападите врз Иран минатата недела и неприфатливата иранска одмазда против земјите во регионот се надвор од рамките на меѓународното право“, изјави Јетен пред новинарите.
Јетен додаде дека холандската влада има „разбирање“ за првичните напади врз Иран, со оглед на долгогодишната закана што Техеран ја претставува за сопственото население и регионалната стабилност. Сепак, тој нагласи дека меѓународната заедница мора да продолжи да го брани меѓународното право и да бара дипломатски решенија, „без разлика колку е тешко тоа“.
Холандскиот лидер, исто така, ја доведе во прашање крајната цел на американско-израелската воена кампања.
„Клучното прашање останува: кога нападите ќе се сметаат за успешни?“, рече Јетен.
Тој додаде дека пред да може да донесе пресуда дали неговата влада ги поддржува методите избрани од САД и Израел во Иран, ќе треба да „разбере кои се намерите и целите на овие напади“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…
МААЕ ќе го пријави Иран во Советот…
Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за…
Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време…
Иран напаѓа американски бази во четири земји…
Иран ги прошири своите одмазднички напади врз…
Трамп: Ако војната влезе во трета рунда,…
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани…