Пресврт во судница: Пациентката Минка Веизовска со мобилен го снимала аптекарот од Онкологија кога паѓал договор за митото
Сега покојната пациентка на Клиниката за онкологија Минка Веизовска, со својот мобилен телефон го снимала аптекарот од болницата, Калтрин Уштеленца кога тој ѝ барал мито. Доказот денеска во судница го достави обвинителот во предметот, откако младиот Уштеленца во судница рече дека претходно немал никаква комуникација со Минка Веизовска. Тој е обвинет за примање поткуп зашто на Веизовска, која боледуваше од карцином на белите дробови и почина, ѝ барал пари за да ѝ издаде биолошка терапија „кејтруда“, скап имунолошки лек за кој Веизовска била извонреден кандидат.
Уштеленца денеска во судница негираше дека кога било пред денот на апсењето имал комуникација со Минка Веизовска, по што следуваше доказ од обвинителот за спротивното.
– Денот кога се случи ова, излегов на пауза околу 9 часот, си зедов за јадење и си седнав во паркот да јадам. После тоа дојде Минка, седна до мене, ме чекаше да јадам, ми ги стави парите во џебот на дуксерот и потоа стана и бев лишен од слобода, не можев ништо да направам, рече Уштеленца.
Неговата адвокатка го праша дали имал претходно каква било комуникација со Веизовска, на што тој одговори дека немал.
– Ја познававте оштетената од претходно?, праша адвокатката, на што Уштеленца одговори негативно.
Според него, парите му биле подметнати.
– Не успеав ни да ги допрам парите што ми ги стави во џебот од дуксерот. Кога ме однесоа во полициска станица Беко, побарав да се вештачат парите, дека не сум ги чепнал. Инспекторот рече „добро“. Му реков да ми ги земе парите од џеб, но тој ми кажа дека јас треба да извадам се што имам кај себе, додаде аптекарот.
Обвинителот извади це-де со снимка, како доказ дека Веизовска и Уштеленца се знаеле и имале комуникација претходно. Самата Веизовска еден месец пред да почине, во судница кажа дека има снимка која ќе посведочи дека Уштеленца ѝ барал пари, односно мито и таа снимка денеска му беше доставена на судот.
– Имам видео, каде ми бара сто евра и ќе го доставам. Имам и порака дека ми се заканува, рече Веизовска еден месец пред да почине.
Обвинителот на судијката ѝ предаде и фотоалбум од „Ватсап“ комуникација меѓу обвинетиот и оштетената за да докаже дека Уштеленца не ја говори вистината.
Извор: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…