Претреси во Битола: Запленето оружје!
Полициски службеници од СВР Битола денеска (13.12) заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ ги лишиле од слобода П.Ј.(68) од Битола и Т.Г.(61) од с.Канино,битолско. Имено, при извршен претрес со судска наредба од Основен суд Битола во куќа сопственост на П.Ј.(68) од Битола беа пронајдени и одземени 14 пушки, пет пиштоли, два револвери, разни делови за оружје и околу 300 куршуми различен калибар.
При претрес во с.Канино, битолско во домот на Т.Г.(51) од с.Канино, пронајдени и одземени се две ловни пушки, една воздушна пушка, еден пиштол, разни делови за оружје, како и патрони за пушка. Лицата се лишени од слобода и по документирање на случаите ќе бидат поднесени кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…
(Видео) Битола „на вода“ по вечерашното невреме
Силно невреме со обилен дожд вечерва ја…
Во битолското земјоделско училиште се запишале само…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
Матурантката од Битола, Искра Нечаковска, освои сребрен…
Македонското знаме се развиори во Шведска на…
Мечка нападна стадо во битолско, усмртена една…
Мечка утрово нападнала стадо овци во атарот…