Објавено на:

Претреси во Пробиштип, пронајдена е дрога!

t

На 12/13.07.2025 во период од 23.20 до 04.50 часот, полициски службеници од НККР Пробиштип, ПСОН Штип, СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во содејство со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд, Управа за јавни приходи и Државен градежен инспекторат за урбанизам, во рамки на активности за откривање на кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ (член 215 од КЗ), и „бесправно градење“ (член 244 од КЗ, а врз основа на судска наредба од Основен суд Штип, извршија претрес во дом и други помошни простории на лицата Љ.Н. и А.Н. од Пробиштип.

Исто така, врз основа на судска наредба извршени се претрес и на станбени објекти, канцелариски простории, угостителски објекти, помошни простории и гаражи, кои се во сопственост или ги користи правно лице од Пробиштип, а лоцирани во с.Плешенци, пробиштипско.

При претресите пронајдени се и одземени марихуана, три дигитални видео рекордери од поставен видео надзор и други предмети. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени неколку видови на дрога: Четири лица…

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се…

Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…

(Видео) Откриен тунел за трговија со дрога…

На границата меѓу американската држава Калифорнија и…

Тројца мртви во американски напад врз брод…

Американската војска повторно бомбардираше брод за кој…

При претрес во гостиварско пронајдена дрога

На 22.05.2026 во 10:40 часот, полициски службеници…