Претседателот на ПС на Советот на Европа Русопулос вo понеделник во Скопје, ќе се обрати пред пратениците
Првата пленарна седница по вториот круг од локалните избори в недела, Собранието ќе ја одржи в понеделник, а пред пратениците ќе се обрати претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос.
На седницата се очекува да биде констатирано дека тројца членови на овој парламентарен состав на првиот круг од локалните избори се избрани за градоначалници и тоа Елизабета Стаменковска – Трајковска во Кисела Вода, Јане Мицевски во Сопиште и Дејан Продановски од Прилеп. На местата на Стаменковска – Трајковска и Мицевски пратеници треба да бидат следните на листата во Изборната единица 1, додека на местото на Продановски од Изборната единица 4.
Во текот на следните денови во собраниска процедура се очекува да влезе и Буџетот за 2026 година.
Во Собранието денеска и утре, но и во изминатите денови се одржуваше Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта во организација на Парламентарниот институт.
Активностите на Собранието беа запрени поради Локалните избори 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА СЕ ОГЛАСИ ЗА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…
АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон…
Американските вооружени сили извршиле напади врз ирански…
Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко,…
Во местото Горице, во близина на Брчко…
„Ексон“ и „Шеврон“ ги откажале патувањата на…
Американските нафтени гиганти „ЕксонМобил“ и „Шеврон“ ги…
Мицкоски: Дата-центрите и вештачката интелигенција се иднината,…
Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поддршката за…