Претседателот на Јужна Осетија го откажа референдумот за приклучување кон Русија
Грузискиот отцепен регион Јужна Осетија го откажа планираниот референдум за приклучување кон Русија, што беше закажан на 17 јули.
Претседателот на енклавата под контрола на Москва, Алан Гаглоев, предупреди дека постои „неизвесност за правните последици од референдумот“.
Во указот на Гаглоев се нагласува и „недозволивоста на еднострана одлука за референдум за прашања кои ги засегаат легитимните права и интереси на Руската Федерација”.
Тој нареди „итни консултации со Русија за целиот спектар на прашања поврзани со понатамошната интеграција на Јужна Осетија и Руската Федерација”.
На 13 мај, претходникот на Гаглоев, Анатолиј Бибилов, потпиша указ со кој повикува на референдум, наведувајќи ги „историските аспирации” на регионот да се приклучи на Русија. Бибилов овој месец загуби на претседателските избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…