Претседателски избори во Русија: Путин очекува убедлива победа
Во Руската Федерација денеска почнаа претседателските избори, а на Далечниот исток излегоа првите гласачи, по што низ целата земја постепено почнаа да се отвораат избирачките места. Гласањето ќе трае три дена, до недела.
Граѓаните избираат меѓу четворица кандидати – покрај актуелниот претседател Владимир Путин, на листата на кандидати се и лидерот на десничарската Либерално-демократска партија (ЛДПР) Леонид Слуцки, лидерот на комунистите Николај Харитонов, како и Владислав Даванков , кој ја претставува либерално-центристичката партија „Нови луѓе“.
Покрај гласањето на избирачките места, жителите од околу 28 региони можат да гласаат и онлајн, преку електронски систем за гласање. Според анкетите, се предвидува дека на изборите ќе има висока излезност од околу 71 отсто, додека според истражувањето на јавното мислење, Путин ужива поддршка од околу 80 отсто од граѓаните.
Министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Русија Валериј Герасимов гласаа на претседателските избори заедно со војници на избирачко место во Јужниот воен округ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…