Претставничкиот дом на САД поддржа легализација на марихуаната
Претставничкиот дом на САД денеска го усвои предлог-законот за укинување на федералната забрана за марихуана што им создаде легални главоболки на корисниците и компаниите во државите кои ја легализираа, но малку е веројатно дека мерката ќе помине во Сенатот.
Тој помина со 220 гласа за и 204 против, а беше поддржан од неколку републиканци.
Законот за реинвестирање и елиминирање на марихуаната, промовиран од њујоршкиот демократски пратеник Џеролд Надлер, ја отстранува марихуаната од списокот на контролирани супстанции и ги укинува казните за поединци кои ја одгледуваат, дистрибуираат или поседуваат.
Предлог-законот најверојатно нема да помине во Сенатот
Но, нацрт-законот ќе треба да добие 60 гласа во поделениот Сенат пред да дојде на масата на претседателот Џо Бајден да го потпише, а тоа се смета за неверојатно со оглед на недостатокот на републиканска поддршка за мерката.
Законот „ќе стави крај на децениите неуспешни и неправедни политики за марихуаната“, рече демократот Ед Перлмутер во четвртокот во Претставничкиот дом пред гласањето.
Тој додаде дека законот не принудува ниту една сојузна држава да ја легализира марихуаната.
Повеќето Американци ја поддржуваат легализацијата на марихуаната
Корисниците на марихуана и компаниите кои ја продаваат се соочуваат со комплицирана правна конфузија во Соединетите држави, каде што 37 држави ја легализираа во некоја форма – за рекреативни или медицински цели, додека 13 сè уште целосно ја забрануваат.
Бидејќи федералниот закон го класифицира канабисот како нелегална дрога без медицинска употреба, истражувачите се многу ограничени во начинот на кој можат да ја проучуваат дрогата и нејзините ефекти, што го отежнува креирањето политики.
Бизнисите со канабис се во голема мера блокирани во банкарскиот систем на САД поради федералната забрана.
Легализацијата на марихуаната ја поддржуваат повеќето Американци: анкетата спроведена од Истражувачкиот центар Пју во 2021 година покажа дека 91 отсто од нив се согласуваат дека треба да се дозволи медицинска или рекреативна употреба на марихуана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…
Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…