Приведени двајца криумчари од Штип, пронајдени 14 мигранти
На 12.08.2022 околу 22.15 часот во близина на црква во с.Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициска станица Богородица го лишиле од слобода Д.Б.(34) од Штип, a околу 23.50 часот во Гевгелија од полициски службеници од Полициска станица Гевгелија е лишен од слобода З.В.(44) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
Имено, во 21.15 часот во близина на угостителски објект на регионален пат Прдејци-Смоквица во товарно возило „ивеко“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Б., биле пронајдени 14 лица мигранти од Сирија, Индија и Пакистан, додека во Гевгелија е приведен З.В., кој управувал патничко возило „пежо 306“, со штипски регистарски ознаки, поради сомнение за негова инволвираност во кривичното дело.
Лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка, а против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 418 б ст.2 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…
Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…
Савески до пратениците: Во овој момент не…
Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…
Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…
Москва предлага пакт со НАТО
Русија би можела да склучи пактови за…