Приведен маж од Свети Николе поради предизвикување пожар
На 31.07.2024 полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Свети Николе затоа што на 31.07.2024 околу 13.30 часот кај место викано “Крушки” во атар на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој се проширил на сувата трева околу куќата, информира МВР.
Пожарот е локализиран од пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Свети Николе и локалните жители.
По насоки од ОЈО Свети Николе М.Ј. е задржан во ПСОН Свети Николе, а потоа со соодветна пријава е изведен пред судија на претходна постапка од Свети Николе, кој му определил мерки на претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…